Mehmet Hatipoğlu
12 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
АТИНА (АА) - Во пад на авион на грчките воздухопловни сили во близина на островот Скирос, загина пилотот на авионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, на социјалната мрежа Твитер потврди дека авион од типот „Мираж 2000“ (Mirage 2000) се урнал североисточно од островот и дека притоа загинал пилотот. Тој упати сочувство до семејството на загинатиот пилот.
Грчките медиуми објавија дека екипите на теренот дошле до остатоците од авионот. Грчките медиуми јавуваат дека авионот паднал за време на слетувањето.