Sinan Uslu
12 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, оствари телефонски разговор со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од прес-службата на кабинетит на турскиот премиер соопштија дека Јилдирим и Ципрас разговарале околу односите меѓу двете земји.
Јилдирим за време на разговорот, во негово име и во име на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, упати сочуство до грчкиот премиер Ципрас поради загинатиот пилот на грчкиот воен авион кој се урна во Егејско Море.
Премиерите на Турција и Грција се согласија за да ги држат отворени каналите на комуникација со цел на здрав начин да се осврнат на актуелните теми, да се фокусираат на позитивната агенда во односите меѓу Турција и Грција, реализирајќи блиска комуникација, и со цел да вложат напори за изнаоѓање решение за проблемите пристапувајќи до нив на конструктивен начин.