свет

Ранети двајца азербејџански војници во огнот што го отвори Ерменската армија на границата

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека Азербејџанската армија возвратила со оган и дека целата одговорност за зголемената напнатост вдолж границата е на Ерменија

Ruslan Rehimov  | 28.07.2021 - Обновена : 01.08.2021
Ранети двајца азербејџански војници во огнот што го отвори Ерменската армија на границата

БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменските војници отвориле оган врз азербејџанските позиции во правец на Келбеџер на границата на двете земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството се истакнува дека позициите во Келбеџер биле под силен оган со огнено оружје и минофрлачи од ерменски позиции во провинцијата Басаргечер од 00:50 часот по локално време.

Се наведува дека двајца азербејџански војници се ранети како резултат на огнот што го отвори Ерменската армија.

Исто така, се додава дека Азербејџанската армија возвратила со оган и дека целата одговорност за зголемената напнатост вдолж границата е на Ерменија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.