Adam Abu-bashal
28 Јули 2021•Ажурирај: 30 Јули 2021
АБУЏА (АА) - Бројот на луѓе кои ги загубија животите во епидемијата на колера во западноафриканската земја Нигерија се искачи на 479, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Центарот за контрола на болести во Нигерија (NCDC), епидемијата на колера од јануари се прошири во 15 сојузни држави во земјата како што се Бенуе, Делта, Замфара и Гомбе, како и во главниот град на земјата, Абуџа.
Во земјата, од јануари до 11 јули кај 19.305 лица е дијагностицирана колера, а 479 лица починале поради епидемијата.
Неможноста да се задоволи потребата за чиста вода и да се обезбеди непосредна и ефективна медицинска интервенција во Нигерија го зголемуваат ризикот од епидемија и смртни случаи.
Во земјата често се појавуваат епидемии како што се маларија, полиомиелитис, тифусна треска и мајмунска сипаница.