свет

Ракетен напад на аеродромот во Багдад, оштетен цивилен авиони

На Меѓународниот аеродром во Багдад има и американска воена база

Haydar Karaalp  | 28.01.2022 - Обновена : 28.01.2022
Ракетен напад на аеродромот во Багдад, оштетен цивилен авиони

БАГДАТ (АА) – Цивилниот дел на Меѓународниот аеродром во Багдад во Ирак е нападнат со шест проектили, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според порталот „Нас њуз“ (NasNews), кој е познат по својата блискост до премиерот, утрото со шест проектили е нападнат цивилниот дел на Меѓународниот аеродром во Багдад.

Соопштено е дека во нападот е оштетен еден од цивилните авиони кој бил празен. Заедно со веста објавени се и фотографии од оштетениот цивилен авион.

На Меѓународниот аеродром во Багдад има и американска воена база.

Ирачките официјални власти сѐ уште не дадоа никаква изјава во врска со нападот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın