Haydar Karaalp
29 Јули 2021•Ажурирај: 02 Август 2021
БАГДАД (АА) - Извршен е ракетен напад врз Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во ирачкиот главен град Багдад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на ирачките медиуми, со две ракети е извршен напад во близина на Американската амбасада која се наоѓа во заштитеното подрачје во Багдад, познато како Зелена зона.
Како резултат на нападот, настаната е штета на возилата во околината.
Не се дадени информации за тоа дали има жртви во овој напад.
Исто така, ирачката Влада сѐ уште не дала никаква изјава во врска со случајот.
Инаку, во последниот период често се вршат напади врз американските цели во Ирак.
Се тврди дека зад овие напади стојат шиитските милициски групи кои се блиски со Иран.