свет

Разговор Блинкен - Саид: Поддршка на САД за тунискиот народ

„Му посочив на претседателот Саид да се придржува кон човековите права и демократските практики, кои се основа на Владата во Тунис. Го повикав да одржи отворен дијалог со сите политички актери и народот на Тунис“

Büşra Selvi Öğütcen  | 27.07.2021 - Обновена : 28.07.2021
Разговор Блинкен - Саид: Поддршка на САД за тунискиот народ

АНКАРА (АА) - Шефот на американскиот Стејт департмент, Ентони Блинкен, разговараше со претседателот на Тунис, Каис Саид, за актуелната ситуација во таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).

Блинкен по разговорот напиша на Твитер дека со Саид имал „еден добар разговор“.

Наведе дека со тунискиот претседател разговарал за ситуацијата во Тунис и дека изразил поддршка за туниската демократија.

„Му посочив на претседателот Саид да се придржува кон човековите права и демократските практики, кои се основа на Владата во Тунис. Го повикав да одржи отворен дијалог со сите политички актери и народот на Тунис“, наведе Блинкен.

Од друга страна, портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, изјави и дека Блинкен го истакнал силното партнерство и континуираната поддршка на Соединетите Американски Држави (САД) за тунискиот народ, кој се соочува со двоен предизвик, со економската криза и пандемијата на коронавирусот.

Тунискиот претседател Саид синоќа одлучи да воведе едномесечен ноќен полициски час во земјата. Саид издаде декрет со кој се забранува движење на луѓе и возила од 19 до 6 часот.

Саид издаде и указ за дводневно прекинување на работата во државните институции, освен во војската и полицијата, наведувајќи дека запирањето на работата може да биде продолжено.

Во неделата беа одржани протести против власта во Тунис, како и против опозицијата, а во немирите беа извршени напади врз седиштата на партиите, меѓу кои и на Движењето „Нахда“.

Претседателот Саид, тврдејќи дека на земјата ѝ е потребна вонредна состојба поради лошата ситуација во врска со корупцијата, ја прекина работата на Парламентот и го ослободи од функцијата премиерот.

По тоа, на претседателот на тунискиот Парламент и претседател на Движењето „Нахда“, најголемата политичка партија во земјата, Рашид Ганучи, и на пратениците не им беше дозволен влез во Парламентот.

Ганучи го обвини претседателот Саид за државен удар, наведувајќи дека станува збор за чекор што нема правна основа и го повика народот на мирна борба.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın