свет

Шефот на ОН повика на смирување на ситуацијата во Ирак

- Слободата на изразување и мирно собирање се основни права кои мораат да се почитуваат во секој момент, порачаа од ОН

Ekip  | 31.07.2022 - Обновена : 01.08.2022
Шефот на ОН повика на смирување на ситуацијата во Ирак

ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, денес ги повика ирачките партии да ја смират ситуацијата и да избегнуваат насилство среде постоечките тензии околу именувањето на новиот премиер на земјата, известува Агенција Анадолија (АА).

Фархан Хак, портпаролот на ОН, изјави дека шефот на ОН со загриженост ги следи актуелните протести во Ирак во кои се повредени голем број луѓе.

„Слободата на изразување и мирно собирање се основни права кои мораат да се почитуваат во секој момент“, порача Хак.

Портпаролот ги повика ирачките партии и актери да се издигнат над меѓусебните недоразбирања, и низ мирен и инклузивен дијалог, да формираат ефикасна национална влада.

Тензиите во Ирак ескалираа последните неколку дена откако коалицијата на групи блиски до Иран го номинираа Мохамед ал-Судани за нов премиер среде протестите на приврзаниците на влијателниот шиитски свештеник Муктада ал-Садр.

Ирак девет месеци се наоѓа во политички ќор-сокак по општите избори одржани во октомври 2021 година. Оттогаш политичките партии во земјата не успеаја да постигнат договор за нова влада, а застапниците на движењето Садр минатиот месец се повлекоа од Парламентот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın