Levent Tok
14 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Терористичката организација ПЈД/ПКК, која под окупација држи 23 отсто од територијата на Сирија, благодарение на американската воена помош, ги зазеде трите најголеми брани во земјата. Браните на реката Еуфрат обезбедуваат голем дел од потребите за електрична енергија и вода за наводнување, јавува Anadolu Agency (AA).
Според пресметките на АА, ПЈД/ПКК под окупација држи површина од 39.500 квадратни километри во Сирија, чија вкупна површина изнесува околу 185.000 квадратни километри.
Оваа терористичка организација и понатаму под окупација држи 23 отсто од територијата на Сирија, а ги контролира и браната Тишрин (источно од Алепо) и браните Табка и Баас (западно од Рака).
Според процената на новинарот на АА, заснована на податоците добиени од Светската банка и од Министерстото за водостопанство на режимот во Сирија, терористичката организација, благодарение на американската воена помош зазела три брани, со што се проширила на чувствителни подрачја на полето на изворите за вода, електрична енергија и обработливо земјиште.
- Терористичката организација под окупација држи 60 отсто од обработливото земјиште -
Сирија поседува 30.000 квадратни километри обработливо земјиште, но 60 отсто од тоа земјиште е под окупација на терористичката организација ПЈД/ПКК.
Освен тоа, оваа терористичка организација вопостави контрола врз 9,4 отсто од обработливото земјиште коешто може да се наводнува. Осумдесет отсто од земјиштето што може да се наводнува, добива вода од браните што се под контрола на ПЈД/ПКК.
- Состојбата на трите брани -
Трите брани што се под контрола на терористичката организација ПЈД/ПКК покриваат околу 70 отсто од потребите за електрична енергија во Сирија.
Браната Тишрин има капацитет од 630 мегавати електрична енергија годишно и работи повремено. ПЈД/ПКК браната ја презеде од ДЕАШ, во декември 2015 година. Браната произведува електрична енергија за околната, а поради ниското ниво на вода, одвреме-навреме прекинува со работа.
Браната Табка има капацитет од 824 мегавати годишно, а ПЈД/ПКК ја освои на 13 мај оваа година. Поради судирите меѓу ДЕАШ и ПЈД/ПКК и бомбардирањата од страна на САД, браната претрпе оштетувања и засега не е во употреба.
Според локалните извори, терористичката организација почнала да ја сервисира браната којашто претходно беше користена за наводнување, со цел таа да се користи за производство на електрична енергија.
Браната Баас има капацитет од 75 мегавати годишно, а ПЈД/ПКК ја зазеде на 4 јуни. Браната се користи за наводнување на околното обработливо земјиште.
ПЈД/ПКК истовремено контролира и околу 65 отсто од границата на Сирија со Турција.