Ali Cura
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
МОСКВА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин утре ќе разговараат за ситуацијата во Сирија и во Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од палатата Кремљ се наведува дека Путин утре ќе отпатува во работна посета на Истанбул за да присуствува на церемонијата на отворање на гасоводот „Турски тек“.
Исто така, во соопштението се истакнува дека двајцата лидери ќе имаат и билатерална средба.
„На средбата е планирано да се разговара за понатамошното развивање на руско-турската соработка, за тековните меѓународни теми, вклучително и за ситуацијата во Сирија и Либија“, се нагласува во соопштението.