Ekipa
30 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин помилува две жени, кои претходно беа осудени за велепредавство, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин потпиша декрет за помилување на Марина Џанџаве и Аника Кесјан, кои се осудени за велепредавство. Руската новинска агенција ТАСС јавува дека осуденичките ќе излезат на слобода за 10 дена, откако одлуката на рускиот претседател ќе биде објавена во Службен весник на Русија.
Џанџаве и Кесјан се од Сочи, а приведени се и осудени во 2008 година бидејќи познаниците во Грузија со пишани порaки ги известувале за движењето на руската војска во Апхазија.
Пресудата од 12 години затвор на Џанџаве ѝ е изречена во 2013 година, додека затворската казна во висина од 8 години на Кесјан ѝ е изречена во 2015 година.
Претседателот на Русија, во почетокот на годината ослободи уште една девојка од Сочи, Оксана Севастиди, која исто така доби затворска казна поради велепредавство, а затворот во Лефортов го напушти пред завршувањето на постапката.