Ekipa
30 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
СЕУЛ (АА) - Американските бомбардери денеска извршија показни летови над Јужна Кореја за да покажат подготвеност за да одговорат на новите закани и провокации од Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Двa американски бомбардери Б1-Б полетаa од базaта во Гуам, а во показниот лет им се придружија и борбените авиони на Јужна Кореја и на Јапонија.
САД, Јужна Кореја и Јапонија се сојузници во борбата против планот на севернокорејската власт да развие нуклеарно оружје.
Официјален Пјонгјанг продолжува со провокативното тестирање на проектили, а последната таква провокација се случи во петокот кога беше тестирана интерконтинентална балистичка ракета со носач на нуклеарки.
„Нашите воздухопловни сили се подготвени да дејствуваат во секое време и да ги уништат непријателските бази, клучните инсталации и лидерското седиште“, изјави командантот на јужнокорејските возддухопловнисили генералот Вон Ин-чоел.