Hakan Çopur
08 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот државен секретар Рек Тилерсон изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Русија Владимир Путин во текот на првата средба во Хамбург разговараа за тврдењата за руско мешање во американските претседателски избори во 2016. година, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакна дека Трамп неколку пати го прашал Путин за наводно руско мешање во американски избори, напоменувајќи дека Путин силно негирал вмешаност на Русија.
Нагласи дека Трамп и Путин имале многу добар и конструктивен состанок.
„Што се однесува до карактерот на нивната средба, која траеше два часа и 15 минути, можам да ја опишам како многу конструктивна. Двајцата лидери многу брзо воспоставија врска", рече Тилерсон.
Напомена дека двајцата лидери разговарале за бројни прашања, вклучувајќи го и прашањето за ситуацијата во Сирија.
Потврди дека го поддршжале прекинот на огнот на југозападот на Сирија, кој ќе стапи на сила од 9 јули.
Тилерсон на новинарите им рече дека подоцна ќе биде разгледувано прашањето како Башар Ал-Асад ќе замине од власт, додавајќи дека е јасно дека во рамките на процесот на политичка транзиција сирискиот претседател ќе замине.
Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров по состанокот со рускиот и американскиот претседател истакна дека Трамп ја прифатил изјавата на Путин дека Русија не се мешала во американските избори.
Двајцата лиддери во текот на првата средба разговараа и за ситуацијата на истокот на Украина, Северна Кореја, тероризмот и другите глобални прашања.
Пред состанокот зад затворени врати, Путин и Трамп накратко разговараа пред новинарите.