Hakan Çopur
04 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Најмалку 16 лица починаа од вторникот поради екстремните временски услови во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Американските власти соопштија дека ова е една од најстудените зими во последниве години во САД.
Поларниот студ зафати повеќе делови на САД, каде што од вторникот се забележани рекордно ниски температури.
Снегот врнеше и денеска, додека за утре е издадено предупредување за источното крајбрежје на кое му се заканува снежна бура со ветрови со јачина на ураган.
Метеоролозите надојдената олуја ја нарекоа „бомбастичен циклон“ поради големата брзина со која се шири, и ги предупредија жителите да не ги напуштаат своите домови.
Државниот метеоролошки завод (NWS) синоќа објави дека снежната бура ќе донесе мешавина од град, лапавица и снег во подрачјето на северна Флорида до Јужна Каролина и Нова Англија.