Turgut Alp Boyraz
03 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
КУДС (АА) - Предлог-законот за воведување смртна казна за Палестинци, беше усвоен на првото читање во израелскиот Парламент (Кнесет), јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено во соопштението објавено на веб-страницата на Кнесетот, нацрт-законот е усвоен со 52 гласа за, и 49 против.
Нацрт-законот беше претставен од страна на министерот за одбрана, Авигдор Либерман, а отворено го поддржа и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
За време на дебатата околу нацрт-законот, Либерман посочи дека новиот закон претставува добро средство за заплашување на терористите.
„Ова средство е поефикасно од уништувањето на домовите на членовите на нивните семејства“, рече Либерман.
Нетанјаху пред гласањето истакна дека овој закон претставува начин на спроведување на правдата во екстремни случаи.
Според овој нацрт-закон, воените судови во Израел можат да донесуваат одлуки за смртна казна за „злосторства извршени со обележја на тероризам“.
Законот пред конечното усвојување треба да помине уште три читања.
Смртната казна е предвидена со израелскиот воен закон на окупираниот Западен Брег, но никогаш досега не е изречена.