свет, Коронавирус

Путин и Трамп разговараа телефонски во врска со пандемијата Ковид-19

- Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп денес телефонски разговараа во врска со ширењето на глобалната пандемија на коронавирусот

Elena Teslova  | 30.03.2020 - Обновена : 31.03.2020
Путин и Трамп разговараа телефонски во врска со пандемијата Ковид-19

МОСКВА 

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп денес телефонски разговараа во врска со ширењето на глобалната пандемија на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Кремљ се вели дека двајцата лидери изразиле загриженост во врска со епидемиолошката слика која секојдневно драстично се влошува во светот и разменија мислења во врска со мерките кои нивните земји треба да ги преземат за да го спречат ширењето на вирусот.

„Тие разговараа и за можностите за поблиска соработка меѓу двете земји во борбата против ширењето на коронавирусот“, се вели во соопштението.

„Путин и Трамп исто така ги разменија своите ставови во врска со моменталната состојба на глобалниот пазар за нафта, согласувајќи се да одржат билатерални консултации во врска со ова прашање“, се додава во соопштението.

По телефонскиот разговор на двајцата лидери, телефонски разговараа и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Тие разменија мислења во врска со ситуацијата во светот предизвикана од пандемијата на коронавирус, се соопштува од руското Министерство за надворешни работи.

Разговарано е и за имплементација на одлуките донесени на виртуелниот самит на Г20 на 26 март за глобалниот одговор на оваа пандемија и се осврнаа на меѓународните прашања како што се сирискиот конфликт и билатералните односи.

Во Русија се дијагностицирани вкупно 1.836 случаи на со новиот тип на коронавирус, од кои 302 нови случаи, вкупниот број на смртни случаи изнесува 11.

Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД бројот на потврдени случаи на заразување со Ковид-19 се искачи на 144.000, додека бројката на починати е над 2.500 лица.

Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 177 земји и региони низ светот. Од последиците предизвикани од овој вирус во светот починаа вкупно 35.019 лица, а детектирани се над 750.000 случаи на заразени со Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.