Elena Teslova
22 Декември 2022•Ажурирај: 22 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин разговараше за билатералните односи и меѓународните случувања во телефонски разговор со мандатарот на израелската Влада, Бенјамин Нетанјаху, соопшти Кремљ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Се разговараше за актуелните прашања од билатералната агенда и меѓународната ситуација. Страните изразија заемна увереност дека руско-израелските односи ќе продолжат да се развиваат стабилно, а контактите на различни нивоа ќе продолжат“, се наведува во соопштението.
Се додава дека Путин, исто така, ја искористил можноста да му посака среќна Ханука на Нетанјаху и на сите израелски Евреи.
Со вчерашната објава дека формирал Влада, Нетанјаху наскоро ќе се врати на премиерската фотелја, функција што претходно ја извршуваше во вкупно повеќе од 15 години.