Emre Aytekin
22 Декември 2022•Ажурирај: 26 Декември 2022
ПЕКИНГ (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,2 степени го потресе Тајван, известува Агенција Анадолија (АА).
„Земјотресот, чиј епицентар се наоѓал на отворено море, 28,8 километри југоисточно од брегот на градот Тајтунг на островот Тајван, регистриран е на длабочина од 7,2 километри од морската површина“, соопшти Сеизмолошкиот центар на Канцеларијата за метеорологија.
Во соопштението се наведува дека земјотресот со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, покрај во Тајтунг, почувствуван е и во околината на градот Каосиунг на југот на Тајван.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви или материјална штета.
Американскиот институт за геолошки истражувања објави дека земјотресот бил со интензитет од 4,8 степени.
На 18 септември во градот Тајтунг се почувствува земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала. Во оваа природна катастрофа животот го загуби едно лице, а 164 беа повредени.