Ali Cura
31 Јануари 2020•Ажурирај: 31 Јануари 2020
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, разговараше за либиската криза со германската канцеларка Меркел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кремљ се истакнува дека Путин и Меркел имале телефонски разговор.
Двајцата лидери, според соопштението, разговарале за спроведување на одлуките донесени на либиската конференција во Берлин.
На средбата, рускиот претседател Путин ја истакнал потребата од координација за одлуките донесени со страните во Либија.
Според соопштението, двајцата лидери ја потенцирале потребата од зајакнување на напорите на меѓународната заедница за обезбедување одржлив прекин на огнот во Либија и за почеток на политичкиот дијалог.
На средбата, покрај за ситуацијата во Украина и Сирија, разменети се мислења и за таканаречениот мировен план за Блискиот Исток на американскиот претседател Доналд Трамп.