Dmıtrı Chırcıu
31 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Февруари 2020
КИЕВ (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) ги поддржуваат иницијативите на Украина за влез во НАТО и за приближување кон Европската Унија (ЕУ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Помпео и украинскиот претседател Владимир Зеленски одржаа заедничка прес-конференција по разговорите во главниот град Киев.
Нагласувајќи дека Украина се бори за слобода и демократија, Помпео рече: „Украина не само што географски е срцето на Европа, таа е всушност тврдина помеѓу Источна Европа и авторитаризмот.“
Помпео истакнува дека придаваат важност на напорите на Украина за обезбедување територијален интегритет и суверенитет, и додаде: „Ние ги поддржуваме иницијативите на Украина за влез во НАТО и приближување кон Европската Унија (ЕУ).“
- „САД се нашиот клучен сојузник“ -
Истакнувајќи ја важноста на посетата на Помпео на Украина, Зеленски нагласи: „САД се нашиот клучен сојузник во заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја, и тоа секогаш ќе остане така.“
„Соединетите Американски Држави ќе ѝ обезбедат на Украина приближно 700 милиони долари помош од кои 365 милиони долари за безбедноста“, рече Зеленски, додавајќи дека САД во 2020 година во Украина ќе спроведат програми за помош на различни полиња.
Истакнувајќи дека Украина соработува со САД на полето на одбраната, Зеленски нагласи дека се подготвени да купат патролни чамци од класата „Ада“.
Тој, исто така, истакна дека САД треба да бидат поактивни во однос на кризата во источна Украина и анексијата на Крим.