Emre Gürkan Abay
06 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, ги обвини западните земји дека со грешките во економијата и санкциите предизвикале глобален бран на инфлација, нарушување на синџирот на набавка и производство и нагло зголемување на сиромаштијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кремљ објави текст што го напишал Путин по повод Економскиот форум во Санкт Петербург (SPIEF), што почнува на 15 јуни.
Текстот е објавен на веб-страницата на Кремљ.
Потсетувајќи дека оваа година се одржува 25-тото издание на Економскиот форум во Санкт Петербург, Путин истакна дека форумот ќе се одржи во тешки моменти за целата меѓународна заедница.
Тој ги обвини западните земји дека со својата економска политика ѝ штетат на глобалната економија.
„Грешките и санкциите кои западните земји ги направија во економијата доведоа до глобален бран на инфлација, уништување на синџирите на снабдување и производство и нагло зголемување на сиромаштијата и недостигот на храна“, наведе Путин.
Рускиот претседател понатаму наведе дека тешкотиите доведуваат до одредени прилики и можности.
„Поради тоа и слоганот на форумот гласи Нов свет - нови можности. Уверен сум дека оваа деценија ќе биде период кога Русија ќе ја зајакне својата економска доминација“, порача Путин.