Ekipa
06 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
ПАРИЗ (АА) - Патничка од автомобилот во кој беше пукано во Париз изминатиот викенд, во случај на неиспровоцирано пукање, почина вчера, додека тројцата вмешани полицајци се приведени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот инспекторат на националната полиција започна истрага за намерно насилство со оружје од лица кои имаат јавно овластување.
Ова е втор ваков инцидент за помалку од два месеци во кој полицијата во Париз отвори оган врз невооружени цивили поради нивното одбивање да се придружуваат до наредбите.
За време на полициската проверка на возилото на 18-от арондисман во Париз на 30 мај, возачот и тројца патници одбиле да соработуваат. Полицајците го извадиле оружјето и издале повеќе наредби. Возачот одбил да ја изгасне колата, а полицијата скршила еден од прозорците на колата со нивните пиштоли. Осомничените биле застрелани додека се обидувале да избегаат откако турнале полицаец, се наведува во извештајот на каналот БФМТВ.
„Возачот и еден патник се тешко повредени откако полицајците испукале од шест до девет куршуми“, се додава во извештајот.
Полицијата во Париз започна посебна истрага против патниците во автомобилот поради обид за убиство на лице кое има јавно овластување.
Млад полицаец во април беше обвинет за намерно убиство и насилство, застрелувајќи двајца патници кои одбиле да ги послушаат наредбите. Инцидентот се случил во центарот на Париз пред објавувањето на резултатите од претседателските избори во земјата.
Во престрелката загинаа 25-годишниот возач, 31-годишниот патник на предното седиште, а 42-годишниот патник на задното седиште е повреден.