Ali Cura
25 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пренесува Anadolu Agency (AA).
Путин, говорејќи пред средбата во Далекоисточниот сојузен универзитет во градот Владивосток, истакна дека посетата на Ким во Русија ќе придонесе за развојот на билатералните односи помеѓу двете земји.
„Сигурен сум дека оваа посета ќе помогне во тоа како да ја решиме ситуацијата на Корејскиот Полуостров, што можеме да направиме заедно, и што може Русија да направи за да го поддржи моменталниот процес“, истакна Путин.
Путин, нагласувајќи дека Москва е задоволна од тоа што Северна Кореја прави напори за нормализирање на односите со Јужна Кореја и САД, додаде: „Се разбира дека го поздравуваме дијалогот помеѓу Северна Кореја и Јужна Кореја, а исто така ги поздравуваме и напорите за нормализација на односите помеѓу Северна Кореја и Америка.“
Севернокорејскиот лидер Ким истакна дека средбата со Путин ќе помогне во решавањето на проблемите на Корејскиот Полуостров и развојот на билатералните односи.
„Ситуацијата на Корејскиот Полуостров го привлече вниманието на целата светска заедница. Се надевам дека нашата средба ќе биде важен настан од аспект на оценување на состојбата и размена на мислења. Се надевам дека ќе размениме значајни мислења“, рече Ким.
За Самитот помеѓу Путин и Ким во Владивосток преземени се строги безбедносни мерки. Ова е прв самит помеѓу двајцата лидери.