Lokman İlhan
09 Ноември 2018•Ажурирај: 10 Ноември 2018
БОГОТА (АА) – Протестниот марш против владината даночна регулатива во Колумбија, со вклучување на студентските групи кои побараа да се зголеми буџетот за образование и протестираат неколку месеци, стана насилен, јавува Anadolu Agency (AA).
На протестите беше повреден еден полицаец. Во протестите кои станаа насилни и го парализираа животот неколку часа во главниот град Богота, беа фрлани камења и рачно изработени експлозиви врз една радиостаница.
Протестите беа организирани во неколку градови во земјата и главниот град Богота. Демонстрантите во некои региони ја нападнаа полицијата со молотови коктели.
Во центарот на градот беа нападнати банки и работни места. Протестите во Богота се одвиваат на повеќе места. Демонстрантите во центарот на градот се движат кон историскиот плоштад „Боливар“, а низ пешачењето по улиците ги напаѓаат банките и работните места.
Маскирана група на 7. улица, која беше затворена за сообраќај на возилата, ги нападна полицајците со стапови и камења. Безбедносните сили употребија солзавец за да ја растераат групата.
Друга група демонстранти во централните делови на Богота, со камења и мали рачни мали експлозиви, наречени „компир-бомби“, ја нападнаа зградата на Радио RCN. Во нападот на зградата на радиостаницата од молотов коктел беше повреден еден полицаец.
Министерот за одбрана, Гулермо Ботеро, споделувајќи го видеото на лесно повредениот полицаец на социјалните медиуми, истакна:
„Обид да се изгори човек е злосторство. Правото на мирни протести се почитува, но исто така, истата почит треба да се покаже и кон лицата од безбедносните структури.“
Протестите на неколку места целосно го парализираа сообраќајот, додека јавниот превоз не функционираше околу три часа.
Вооружената бунтовничка левичарска организација Национална ослободителна армија (ЕЛН) изјави дека новинарите го преувеличуваат нападот врз зградата на Радио RCN, наместо да јавуваат за тоа „како учениците бегаат од полицискиот терор“.
Демонстрациите се продолжение на дискусиите за буџетот за образование. Во последните протести во Колумбија, и покрај тоа што произлегоа од намерата на Владата да го регулира оданочувањето на некои основни производи кои досега биле без данок, поголемиот дел од демонстрантите го сочинуваат студенти кои неколку месеци бараат да се зголеми буџетот за образование.
Минатиот месец, претседателот Иван Дуке, по протестите се сретна со академците и најави дека буџетот за образование ќе биде зголемен постепено. И покрај одлуката на претседателот Дуке, студентските групи продолжија со протестите.