Recep Şakar
09 Ноември 2018•Ажурирај: 10 Ноември 2018
МЕЛБУРН (AA) - Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер ја погоди утрово Австралија, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот е забележан во близина на езерото Муир, во државата Западна Австралија, и тоа на длабочина од 10 километри.
Загинати или повредени како последица на земјотресот нема, а од автралискиот Кабинет за метеорологија не е издадено предупредување за цунами.
До земјотресот дојде во утринските часови, а можеше да се почувствува во радиус од 150 километри.