Ekipa
31 Март 2025•Ажурирај: 01 Април 2025
ЊУЈОРК/МЕКСИКО СИТИ (АА) – Голем број пропалестински активисти и поддржувачи излегоа на улиците во Њујорк и Мексико Сити за да го одбележат Денот на земјата, изразувајќи солидарност со палестинскиот народ и осудувајќи ги нападите врз Појасот Газа, јавува Анадолу.
На „Јунион сквер“ во Њујорк, демонстрантите носеа палестински знамиња и транспаренти со пораки против израелската окупација.
Во исто време, на Авенијата Реформа во Мексико Сити, голема група демонстранти се собраа исто така за да го одбележат Денот на земјата и да протестираат против израелските напади врз Газа.
Жени носеа симулирани тела на бебиња, симболизирајќи ги жртвите во нападите, додека учесниците развиорија огромно палестинско знаме.
Одбележувањето на Денот на земјата, кој се слави секој 30 март, потсетува на насилното одземање на палестинска земја во 1976 година и претставува симбол на отпорот против израелската окупација.
Протестите во двата града испратија порака за солидарност со палестинскиот народ и повик за итна меѓународна интервенција за запирање на насилството во Газа.