Ekipa
17 Август 2018•Ажурирај: 19 Август 2018
ДЕИР ЕЗ ЗОР/АНКАРА (AA) - Терористичката организација ДЕАШ врши интензивни напади врз силите на сирискиот режим во подрачјето на Деир ез Зор, кое се наоѓа на границата со Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од извори во Деир ез Зор, ДЕАШ ги напаѓа силите на режимот во западниот дел на реката Еуфрат, која го дели Деир ез Зор на два дела.
Нападите кои се интензивираа на 10 август, се реализираат особено во ноќните часови во нафтеното поле „Тејим“, како и во подрачјата на Мајадин, Чољу, Курије и Ашара.
Изворите велат дека ДЕАШ минатата ноќ извршил напад во Мајадин и Чољу, и дека како резултат на судирот со режимот кој траел 6 часа, загинале 20 припадници на силите на режимот, додека во судирите што се случија минатата недела загинаа најмалку 10 војници на режимот.
Деир ез Зор, кој се наоѓа на границата со Ирак, е поделен меѓу режимот, терористичката организација ЈПГ/ПКК и терористичката организација ДЕАШ.
Контролата врз западниот дел на реката Еуфрат е во рацете на режимот, додека источниот дел е под окупација на ЈПГ/ПКК.
ДЕАШ е активна во еден мал дел на ова подрачје во близина на Ирак, кој е под опсада на ЈПГ/ПКК.
ДЕАШ напади врз силите на режимот во Деир ез Зор врши во јужниот дел на градот, во местата што се под нејзина контрола во пустината на Хомс.