Kübra Chohan
17 Август 2018•Ажурирај: 18 Август 2018
ПЕКИНГ (АА) - Министерството за надворешни работи на Кина денес соопшти дека Турција е способна да се справи со привремените економски потешкотии, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Стабилноста и развојот на Турција придонесуваат кон регионален мир и стабилност“, изјави преку соопштение портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лу Канг.
„Кина верува дека Турција има способност да ги надмине привремените економски потешкотии и се надева дека сите засегнати страни ќе ги решат нивните разлики преку дијалог“, изјави Лу.
Тој додаде дека Пекинг секогаш посветува внимание на соработката на Кина и Турција на полето на економијата, трговијата и финансиите.