Tolga Akbaba
17 Август 2018•Ажурирај: 18 Август 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку четворица ирански војници се ранети во судир со припадниците на сè уште непозната вооружена група во западната иранска регија Курдистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Заменикот на гувернерот на покраината Курдистан, Хусеин Хосикбал, за агенцијата ИРНА потврди дека синоќа во населеното место Абу Хасан, на иранско-ирачката граница, дошло до судири меѓу безбедносните сили и припадници на вооружена група.
Хосикбал додаде дека во судирот се ранети најмалку четворица ирански војници, кои се префрлени во болница.
Тој нагласи, исто така, дека припадниците на вооружената група побегнале, а безбедносните сили ја презеле контролата над подрачјето.
„Започната е истрага со цел да се открие детално за што станува збор. За нападот сè уште никој се нема огласено“, изјави Хосикбал.