Behlül Çetinkaya
17 Август 2018•Ажурирај: 19 Август 2018
ИСЛАМАБАД (АА) - Националниот совет на Пакистан (NA), денес го избра лидерот на пакистанското Движење за правда (PTI), Имран Кан, за 22. премиер на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Кандидати за премиер на Пакистан на денешните избори беа Кан, како лидер на најголемиот блок во Парламентот, и кандидатoт на опозицијата и претседател на партијата Пакистанска муслиманска лига - Наваз (PML-N), Шахбаз Шариф.
По пребројаните гласови, Имран Кан освои 176 гласа од вкупно 342 пратеника во пакистанскиот Парламент, додека неговиот противник Шариф освои 96 гласа.
Кан го поддржаа и другите партии во Парламентот, како што се Обединетото народно движење (MQM), Националната партија Авами (ANP) и неколку независни пратеници.
Одредени опозициски партии, меѓу кои Пакистанската муслиманска лига - Наваз, Пакистанската народна партија (PPP) и Обединетиот совет за делување (MMA), тврдат дека изборите не биле транспарентни и праведни.
За да биде избран за премиер на земјата, на кандидатот му е потребно да добие повеќе од половината гласови, што во случајот на Парламентот на Пакистан значи дека кандидатот треба да освои гласови од најмалку 172 пратеника.
Кан, утре, во присуство на претседателот на земјата, Мемнун Хусеин, ќе положи заклетва, со што ќе добие овластувања за формирање на Владата, а потоа ќе стапи и на функција.