Ruslan Rehimov
06 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
БАКУ
Азербејџанската Армија им нанесе загуби на ерменските сили кои отвориле оган кон азербејџанските војници и населбите во различни делови на линијата на фронтот во текот на ноќта, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека судирите продолжиле главно во областите Агдере, Агдам, Хоџавенд и Губадли на линијата на фронтот.
Исто така се истакнува дека ерменските сили во некои области од линијата на фронтот морале да се повлечат бидејќи имале загуби на воен персонал и воена опрема.
Се додава дека линијата на фронтот е под контрола на азербејџанската Армија.
Министерството информира дека ерменската Армија го прекршила примирјето и дека од територијата на Ерменија е отворен оган врз областите Товуз, Гедебеј и Дашкесен во Азербејџан.