Emel Gözellik
06 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
ВАШИНГТОН
Демократскиот кандидат на претседателската трка во Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, истакна дека никој не може демократијата да ја одземе од нивните раце, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Никој не може демократијата да ја одземе од нашите раце, ниту сега, ниту пак подоцна“, нагласи Бајден на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Бајден исто така додаде дека САД до сега поминал низ многу борби.
Кандидатот на демократите Џо Бајден во изјавата дадена во државата Делавер рече дека не се сомнева дека ќе победи на изборите и ги замоли своите приврзаници да бидат смирени.
Претседателот на САД, Доналд Трамп рече: „Ако сметате на легалните гласови, јас лесно победувам на овие избори! Ако ги сметате незаконските и гласовите кои доцнеа, (демократите) можат да ни ги украдат овие избори.“
Според привремените резултати на претседателските избори во САД, ниту еден кандидат се уште не стигна до доволен број на делегати за да ја прогласи својата изборна победа.
Во државите Пенсилванија, Северна Каролина, Џорџија, Аризона и Невада, клучните држави за утврдување на победникот, резултатите од изборите се уште не се познати.