Erbil Başay
06 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
БЕРЛИН - Од почетокот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), досега во Германија се детектирани 619.089 лица позитивни на овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот на Институтот „Роберт Кох“, кој спроведува студии од областа на заразни болести во Германија и за тоа ја информира Владата, бројот на лица позитивни на Ковид-19 во последните 24 часа е зголемен за 21.506 случаи, со што вкупниот број на лица кај кои е детектиран коронавирусот се зголеми на 619.089.
Денеска објавената бројка за првпат надмина 20.000 заразени и претставува највисока бројка на детектирани случаи на заразување со коронавирусот на дневно ниво од почетокот на пандемијата во Германија.
Во последните 24 часа во Германија животот го загубија 166 лица како последица на коронавирусот, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 11.096.
Досега оздравеа 402.500 лица кои биле позитивни на Ковид-19.
Со цел да се намали подемот на нови случаи, од почетокот на неделата воведени се нови рестриктивни мерки.
Според овие мерки, до крајот на ноември нема да работат театрите, киносалите, оперските и концертните сали, како и спортските сали, базените, местата за забава и козметичките и салоните за масажа.
Во продавниците ќе се прима по еден купувач за секои 10 квадратни метри површина, а дозволено е на едно место да се соберат најмногу две семејства.