Emel Gözellik
06 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
АНКАРА
Во светот оздравеа над 35 милиони лица што претходно биле позитивни на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“ која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, досега оздравеле 35.018.579 лица претходно позитивни на Ковид-19. Првите 4 земји со најголем број случаи на зараза во исто време се и земји во кои има најголем број на оздравени пациенти.
Во Индија 7.765.966, во САД 6.341.603, во Бразил 5.064.344 и во Русија 1.279.169 лица успеаја да го совладаат коронавирусот.
Во Турција заклучно со 5 ноември оздраеа 332.379 лица позитивни на коронавирусот, додека во Северна Македонија таа бројка изнесува 22.526.
- Бројката на активни случаи во светот изнесува над 12.818.600
Од друга страна, бројката на лица чие лекување е во тек изнесува 12.818.608. Од оваа бројка 12.728.578 се со полесни симптоми на болеста, додека 90.030 се во сериозна или критична здравствена состојба. Зголемувањето на бројот на пациенти што се хоспитализираат го зголемува товарот врз здравствените системи во земјите.
САД со 3.343.701 пациенти кои се наоѓаат под лекарски третман се земја со најголем број активни случаи на заразеност во светот.
Следат Франција со 1.438.052, Индија со 520.729, Италија со 472.348, Белгија со 438.834, Русија со 404.180 и Бразил со 388.135.
Заклучно со 5 ноември во Турција има 43.802 активи случаи на заразеност со Ковид-19, додека во Северна Македонија таа бројка изнесува 12.762.
Откако новиот тип на коронавирус за првпат се појави во кинескиот град Вухан и за кусо време се прошири во повеќе од 200 земји и региони од светот, бројот на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 49.077.557, додека 1.240.369 ги загубија животите како последица на заразеност со коронавирусот.