Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
16 Ноември 2018•Ажурирај: 17 Ноември 2018
ИДЛИБ (АА) - И покрај договорот од Сочи, припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и странските терористички групи продолжуваат да ги напаѓаат населбите во северниот дел на Хама и Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Режимските сили и терористички групи на кои поддршка им пружа Ирак, ги напаѓаат цивилните населби сместени во зоните без судир на Идлиб, а од кои, според договорот од Сочи, е повлечено тешкото вооружување.
Припадниците на режимот на Асад и сојузниците во вечерните и утринските часови ги гранатираа подрачјата во северниот дел на Хама и Лазкија. Сè уште нема информации дали има човечки жртви или ранети лица во овие напади.
Во режимските напади извршени по договорот од Сочи постигнат на 17 септември загинаа 25 цивили, а десетици се ранети.
Продолжуваат нападите на припадниците на режимот, а опозицијата од подрачјата одредени со договорот од Сочи, на 10 октомври го повлече тешкото вооружување.