Hasan Esen
22 Јуни 2017•Ажурирај: 23 Јуни 2017
БРИСЕЛ (АА) - По обидот за напад во главниот град на Белгија, Брисел, приведени се четири лица, додека пронајдени се знаци кои покажуваат дека осомничениот е симпатизер на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA)
Според соопштението на федералното јавно обвинителство, извршен е претрес во куќата на осомничениот О.З. кој беше убиен откако во вторникот, во вечерните часови се обиде да изведе самоубиствен напад на главната железничка станица.
Според соопштеното, пронајдени се хемикалии и материјали што се користат за правење експлозиви, како и знаци кои покажуваат дека осомничениот е симпатизер на терористичката организација ДЕАШ.
Во рамките на истрагата, вчеравечер беа извршени рации во четири куќи во Брисел и во околината, и се приведени четири лица.
На 20. јуни на главната железничка станица во Брисел одекна експлозија, а еден осомничен, за кого постоеше сомнение дека носи експлозив, беше неутрализиран.