Murat Ünlü
22 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека во случај да ги откријат местата каде што се складира хемиското оружје во Сирија, тие самите ќе ги уништат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Макрон даде заедничко интервју за повеќе медиумски куќи со седиште во Европа, меѓу кои и „Le Figaro“ (Фигаро).
Во врска со прашањето дали Франција сама ќе напаѓа ако биде надмината црвената линија во врска со користењето на хемиските оружја во Сирија, Макрон одговори: „Да, ако не заземете став така што да се почитуваат црвените линии што сте ги поставиле, тоа значи дека сте одлучиле да бидете слаби. Ако се открие дека е користено хемиско оружје и се открие од каде доаѓа, тогаш Франција ќе изврши напади за уништување на местата за складирање хемиско оружје“.
Макрон нагласи дека е потребен дипломатски и политички патоказ во врска со сириското прашање, и дека не може да се најде решение за проблемот со воени методи.
Исто така, Макрон вели дека симнувањето на Башар Асад од власт не го објаснува како предуслов за што било. „Никој не ме запозна со неговиот правен наследник“, рече тој.
- Особено потребна помошта на Русија -
Од друга страна, Макрон пренесе дека до крај ќе се борат против терористичките групи, и дека терористичките напади произлегуваат од овие региони. „Имаме потреба од сечија помош во нивното искоренување. Особено (помошта) на Русија“.
Макрон истакна дека стабилноста на Сирија е значајна за него. Тој нагласи дека терористичките групи наоѓаат простор за живеење во државите коишто не можат самите да управуваат со себеси.
Како што рече тој, употребата на хемиско оружје и необезбедувањето хуманитарна помош се двете црвени линии за него. Макрон нагласи дека ова јасно му го кажал и на рускиот претседател Владимир Путин.
„Употребата на хемиско оружје ќе повлече реакција, дури и само од Франција“, додаде Макрон.