Ekipa
09 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
РУСЕ (АА) - Бугарските медиуми наведуваат дека е приведено лицето кое се поврзува со убиството на новинарката Викторија Маринова, пренесува Anadolu Agency (AA).
Телото на новинарката, која ја истражуваше корупцијата во бугарската Влада е откриено во неделата.
Медиумите, според непотврдени информации, соопштија дека е приведена личност, поточно државјанин на Романија, кој има патна исправа од Молдавија. Во моментов не се достапни повеќе информации.
Полицијата го истражува силувањето и убиството на Маринова (30), чие тело е пронајдено во парк во нејзиниот роден град.
„Викторија Маринова, новинарка на локалниот телевизиски канал TVN е убиена со давење во местото Русе, во северниот дел на земјата“, соопшти во неделата бугарското Државно обвинителство. Маринова водеше емисија во која минатиот месец се зборуваше за измами со фондови на ЕУ.
Смртта на бугарската новинарка е трето убиство на новинар последната година во ЕУ. Малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција е убиена во октомври 2017 година, а во февруари оваа година е убиен словачкиот новинар Јан Куцијак.