Ekipa
04 Декември 2017•Ажурирај: 04 Декември 2017
САНА (АА) - Хусите го застрелале во глава поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех, изјави претставник на партијата на Салех, Општ народен конгрес, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот, кој не сакаше да биде откриен неговиот идентитет во јавноста, рече дека Хусите го пресретнале конвојот на Салех додека поранешниот претседател патувал за Санхан.
Тој додаде дека Салех потоа го однеле на непозната локација и го застрелале во главата.
Освен тоа, Хусите во утринските часови влегле во куќата на поранешниот претседател Салех во јужниот дел на Сана, го изнеле оружјето, а потоа активирале експлозив во куќата и ја уништиле.
Али Абдула Салех е роден на 21 март 1942 година во Сана. Тој првин беше претседател на Северен Јемен, а по обединувањето со Јужен Јемен (1990) стана претседател на Република Јемен. Од таа функција поднесе оставка на 25 февруари 2012 година.