свет

Претседателот Трамп за средбата со Ердоган: „Разговаравме за сѐ. Tоа беше одлична средба“

- Претседателот Трамп: „Разговаравме за сѐ. Тоа беше одлична, добра средба.“ - „Многу луѓе имаат почит кон Турција за она што го направи. Многупати беше споменато тоа. Прават многу добри работи на границата и во безбедносната зона.“

Tayfun Salcı  | 04.12.2019 - Обновена : 06.12.2019
Претседателот Трамп за средбата со Ердоган: „Разговаравме за сѐ. Tоа беше одлична средба“

ЛОНДОН

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за денешната средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна: „Разговаравме за сѐ. Тоа беше одлична, добра средба“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

По Самитот на лидерите на НАТО во Лондон, тој се состана со германската канцеларка Ангела Меркел. По средбата одговори на прашањата на медиумите.

Истакнувајќи дека средбата со Ердоган била непланирана, Трамп рече: „Разговаравме за сѐ. Тоа беше одлична, добра средба. Зборувавме за Сирија, за Курдите. Границата и безбедносната зона напредуваат многу добро. Имам многу добар впечаток за Турција во овој поглед. Прекинот на огнот продолжува. Мислам дека луѓето се збунија од тоа. Очигледно, има луѓе кај кои имам репутација на таа тема, но најверојатно не го прават тоа.“

„Границата Сирија - Турција долго време е во хаос“, рече Трамп и додаде: „Ги повлековме нашите војници, ја зедовме нафтата. Нашите војници се таму каде што е нафтата. Јас така сакам. Тие ќе патролираат на своите граници. Тоа и го прават.“

Трамп, во однос на прашањето за членството на Турција во НАТО, нагласи: „Многу луѓе имаат почит кон Турција за она што го направи. Многупати беше споменато тоа. Прават многу добри работи на границата и во безбедносната зона.“

Осврнувајќи се на Самитот, Трамп рече дека имале два прекрасни дена и дека НАТО е посилно од кога било.

Изјавувајќи дека голем број земји започнале да одвојуваат повеќе пари на одбраната, Трамп рече дека за три години за оваа област ќе бидат издвоени 400 милијарди американски долари.

Одговарајќи на новинарско прашање дека синоќа на рецепцијата во Бакингемската палата, канадскиот премиер Џастин Труд се исмејувал со него, Трамп ја изнесе својата проценка:

„Мислам дека е лицемерен. Мислев дека е добар, но вистината е дека во лице му кажав дека не троши 2% [за одбрана]. И гледам дека тој не е среќен од тоа. Тој не плаќа ни 2 проценти, но треба да плаќа. Канада е богата земја.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın