Zafer Fatih Beyaz
18 Август 2022•Ажурирај: 18 Август 2022
ЛАВОВ
Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се состана со украинскиот претседател Владимир Зеленски, јавува Агенција Анадолија (АА).
Состанокот се одржува во палатата Поточки во Лавов.
Според соопштеното, на состанокот ќе се разговара за сите аспекти на односите меѓу Туркије и Украина на ниво на стратешко партнерство.
По билатералните разговори ќе следува трилатерален самит со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
„Ердоган, Зеленски и Гутереш ќе разговараат за чекорите што може да се преземат за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија преку дипломатски средства и одржување на механизмот воспоставен за извоз на украинско жито на светските пазари“, соопшти турското Претседателство.
Се очекува по трилатералната средба да одржат заедничка прес-конференција.