Elena Teslova
18 Август 2022•Ажурирај: 19 Август 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со својот индонезиски колега Џоко Видодо за глобалната безбедност на храната, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Владимир Путин го информира [претседателот на Индонезија] за напорите кои Русија заедно со Туркије и Секретаријатот на ОН ги вложува за да ја стабилизира ситуацијата на светските пазари за жито и ѓубриво“, се наведува во соопштението на Кремљ.
Двајцата лидери во телефонскиот разговор, исто така, се осврнаа и на подготовките за Самитот Г-20 кој би требало да се одржи во Бали во ноември.
Путин го честиташе и Денот на независноста на Индонезија, национален празник кој се прославува на 17 август.
Двајцата лидери разговараа и за развој на односите помеѓу двете земји со акцент на договорите постигнати во текот на посетата на Видодо на Русија претходно оваа година.