Aldijana Hadzic
18 Август 2022•Ажурирај: 20 Август 2022
ТИЈАНЏИН (АА) - Големиот мост „Тијанџин“ (вијадукт Лангфанг - Чингсијан), кој се наоѓа во Кина, е еден од најдолгите мостови во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мостот е долг 113,7 километри и дел од брзата железница Пекинг - Шангај.
Изградбата е завршена во 2010 година, а отворен е во 2011 година. Во моментот, според податоците од Гинисовата книга на рекорди, тој е втор најдолг мост во светот.

Дизајнот на подигнатата пруга од една страна е избран за да се избегнат бројни поединечни структури за вкрстување на патишта и железници, а од друга страна, да се скрати периодот на изградба.
Мостот се состои од носачи долги 32 метри од кој секој тежи 860 тони.