свет

Претседателот на либиската Национална нафтена корпорација: „Странски сили влегоа во пристаништето Сидра“

Мустафа Саналах рече дека пред 25 дена нафтеното поле „Шерара“ е окупирано од платеници на руската безбедносна компанија „Вагнер“

Hamdi Yıldız  | 06.07.2020 - Обновена : 06.07.2020
Претседателот на либиската Национална нафтена корпорација: „Странски сили влегоа во пристаништето Сидра“

ТРИПОЛИ (АА) - Претседателот на либиската Национална нафтена корпорација, Мустафа Саналах, истакна дека странски сили влегле во нафтеното пристаниште Сидрa на истокот на земјата и дека работат на тоа да стане воен центар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата за либиската телевизија „Ел-Ахар“, Саналах рече дека пред 25 дена нафтеното поле „Шерара“ е окупирано од платеници на руската безбедносна компанија „Вагнер“.

Забележувајќи дека штетата предизвикана во нафтената индустрија од 2011 година изнесува 231 милијарда долари, Саналах рече дека милицијата „Вагнер“ веднаш треба да го напушти регионот.

Саналах, истакнувајќи дека пред неколку дена е запрен шверц на гориво во пристаништето за нафта „Ел Харика“, рече дека и покрај присуството на безбедносните лица одговорни за заштита на нафтените полиња, досега се документирани 69 одделни инциденти.

Наведувајќи дека странските сили од вчера влегле во пристаништето Сидре, Саналах рече дека тие работат на тоа да стане воен центар.

Тој исто така нагласи дека безбедносните лица одговорни за заштита на нафтените полиња нелегалнo соработуваат со странските сили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.