свет

Либискиот Висок државен совет го осуди нападот врз воздухопловната база „Ватија“

„Нападот врз базата го изврши воениот злосторник Хафтар и силите што стојат зад него. Тоа претставува обид да се спречи создавање национална и вистинска либиска Армија во Либија“

Hamdi Yıldız  | 06.07.2020 - Обновена : 07.07.2020
Либискиот Висок државен совет го осуди нападот врз воздухопловната база „Ватија“

ИСТАНБУЛ (АА) - Високиот државен совет на Либија истакна дека го осудува предавничкото бомбардирање на воздухопловната база „Ватија“ со воени авиони што им припаѓаат на силите кои го поддржуваат воениот злосторник Калифа Хафтар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на либискиот Висок државен совет се наведува дека нападот е обид за постигнување безнадежна победа против херојската либиска Армија и нејзините приврзаници.

„Нападот врз базата го изврши воениот злосторник Хафтар и силите што стојат зад него. Тоа претставува обид да се спречи создавање национална и вистинска либиска Армија во Либија“, се вели во соопштението на Советот.

Се наведува дека истите држави кои тврдат дека прават напори за прекин на огнот, ги прават овие криминални напади.

Во саботата навечер воената воздухопловна база „Ватија“ во северозападна Либија беше нападната од воени авиони.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın