Şerife Çetin
24 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
БРИСЕЛ (АА) - ШЕРИФЕ ЧЕТИН –
Ришард Чарнецки, претседателот на Групата за пријателство ЕУ-Турција и пратеник во Европскиот парламент (ЕП) истакна дека успехот што досега го то Турција на економски план, ќе овозможи по пандемијата на Ковид-19 да игра поголема улога во економскиот свет.
Чарнецки, кој досега четирипати беше пратеник во Европскиот парламент (ЕП), а претходно ја извршуваше и функцијата потпретседател на ЕП, во интервјуто за Агенција Анадолија (АА) говореше за односите меѓу Турција и Европската Унија (ЕУ)
„Блискоста до единствениот пазар на ЕУ, работната сила со висок капацитет и моќните бизнисмени на Турција ќе ѝ обезбедат големи придобивки“, нагласи Чарнецки.
Потенцирајќи дека односите меѓу ЕУ и Турција поминувале низ тешки периоди, потсети дека односите допираат до 1959 година и аплицирањето на Турција во Европската економска заедница (AET) и Договорот од Анкара потпишан во 1963 година.
Чарнецки потсети дека по потпишувањето на договорот во 1963 година, тогашниот претседател на Комисијата на ЕУ, Волтер Халштајн, истакнал дека Турција е дел од Европа, и дека овој договор е од големо политичко значење.
„И покрај тоа што беше една од првите земји што го потпишаа договорот со Европска економска заедница (AET), Анкара, заради сложените политички случувања во Турција и Европската Унија не успеа брзо да напредува во процесот на пристапување“, нагласи Чарнецки.
- „Страните треба да ги разгледаат нивните заеднички интереси“ -
Чарнецки рече дека геополитичките движења во 2020 година доведоа до промени во интересите на Турција и на ЕУ и нагласи: „Двете страни треба да ги ревидираат своите заеднички интереси.“
Претседателот на Групата за пријателство ЕУ-Турција истакна дека по епидемијата на Ковид-19, главните теми на агендата помеѓу Турција и ЕУ ќе бидат ажурирање на договорот за Царинска унија и визната либерализација.
- „Турција во економскиот свет по Ковид-19 ќе игра голема улога“ -
„Откако ќе се извојува победата против Ковид-19, човештвото многу работи ќе ги разгледа повторно“, рече Чарнецки, додавајќи дека владите, институциите и граѓаните ќе се фокусираат особено на здравствените и трговските теми.
Тој истакна дека Турција на економски план досега била доста стабилен и сигурен трговски партнер за ЕУ, и дека Турција би можела да има корист од Европскиот фонд за развој, и порача дека треба да се ревидира економската, политичката и социјалната политика помеѓу ЕУ и Турција.
Чарнецки, нагласувајќи дека геостратешката позиција на Турција е во значителна предност рече: „Географската близина на Турција со ЕУ, во споредба со земјите од Источна Азија, носи со себе можност за многу побрза испорака.“
Наведе дека европските производители можат да имаат пониски трошоци ако произведуваат во Турција, и потенцираше дека и поволниот девизен курс на земјата дава поволни можности.
„Успехот на Турција што досега го постигна на економски план ќе овозможи по Ковид-19 да игра поголема улога во економскиот свет. Блискоста до единствениот пазар на ЕУ, работната сила со висок капацитет и моќните бизнисмени на Турција ќе ѝ обезбедат големи придобивки“, нагласи Чарнецки.
- „Групата за пријателство ќе се фокусира на културните и спортските активности“ -
Чарнецки потсети дека историското пријателство меѓу Турција и неговата земја, Полска, датира од османлискиот период. „Ние како Полјаци не можеме да го заборавиме тоа што откако нашата земја беше поделена, Османлиската Империја го задржа нашиот амбасадор во „Баб-и Али“ [синегдоха за централната власт на Османлиското царство]. Поранешниот премиер Јарослав Качињски секогаш го подржуваше членството на Турција во ЕУ.“
Истакнувајќи дека како претседател на Групата за пријателство меѓу ЕУ и Турција има за цел да ги подобри контактите меѓу двете страни во новоформираните услови, Чарнецки рече: „ЕУ и Турција, надминувајќи ги разликите треба да се фокусираат на прашањата каде што е постигнат договор и треба да бидат отворени за учење едни од други.“
За постигнување на овие цели, како што рече, Групата за пријателство ќе се фокусира на здружување на граѓанското општество, исто така и на културните и спортските активности.
„Се надевам дека Групата за пријателство, ќе придонесе за подобрување на односите помеѓу Турција и ЕУ“, рече Чарнецки.