Bilal Acar
24 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
ЛОНДОН (АА) – Во Велика Британија како последица на Ковид-19 од почетокот на епидемијата во земјата починаа вкупно 43.081 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека во последните 24 часа од вирусот починало 154 лице, односно вкупно 43.081.
Бројот на заразени е зголемен за 653 и изнесува 306.862. Во последните 24 часа се извршени 232.036 тестирања, вкупно 8.542.186.
Велика Британија е земја со најмногу починати од Ковид-19 во Европа, односно трета во светот, после САД и Бразил.