Претседателот на Азербејџан изрази сочувство во иранската Амбасада за смртта на Хаменеи
- Алиев во Амбасадата беше пречекан од иранскиот амбасадор во Азербејџан, Моџтаба Демирчилу, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот, при што се додава дека тој се запишал во книгата на жалост во дипломатското претставништво
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денес уште еднаш упати сочувство до Иран по повод убиството на врховниот водач Али Хаменеи, за време на неговата посета на иранската Амбасада во Баку, јавува Анадолу.
„Алиев во Амбасадата беше пречекан од иранскиот амбасадор во Азербејџан, Моџтаба Демирчилу“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот, при што се додава дека тој се запишал во книгата на жалост во дипломатското претставништво.
„Алиев и Демирчилу подоцна одржаа средба, за време на која азербејџанскиот претседател рече дека ќе ги памети средбите со Хаменеи за време на неговите посетите на Иран како многу пријатно искуство“, се вели во соопштението.
„Амбасадорот Демирчилу изрази благодарност до претседателот на Азербејџан за неговото доаѓање во Амбасадата и за изразеното сочувство“, се додава во соопштението.
Претходно, во неделата, Алиев му упати сочувство и на својот ирански колега Масуд Пезешкијан, нагласувајќи дека Баку е „длабоко потресен“ од инцидентот.
„Ајатолахот Сеид Али Хаменеи беше личност која играше витална улога во животот на иранската држава и општество долги години и заземаше посебно место во политичкиот и верскиот живот на неговата земја. Неговата смрт е голема загуба за Иран. Во овој тежок ден, му посакуваме мир, стабилност и безбедност на пријателскиот и братски ирански народ“, порача Алиев.
Регионалните тензии ескалираа откако САД и Израел во саботата започнаа голем напад врз Иран, при што, според ирански извори, убиени се речиси 800 лица, меѓу кои и врховниот лидер, ајатолахот Али Хаменеи.
Техеран возврати со напади со дронови и беспилотни летала врз Израел, како и врз земји од Заливот во кои се наоѓаат американски воени бази.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
