Ömer Tuğrul Çam
01 Април 2022•Ажурирај: 02 Април 2022
БРИСЕЛ (АА) - Претседателката на Европскиот парламент (ЕП), Роберта Мецола, истакна дека ќе го посети Киев, главниот град на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мецола во својата изјава на социјалните мрежи истакна: „Одам во Киев. Во име на Европскиот парламент ќе пренесам порака за поддршка и надеж.“
Објавувајќи фотографија направена пред влегување во возот, Мецола не соопшти детали за нејзината посета. Наведено е дека деталите од посетата се чуваат во тајност од безбедносни причини.
Мецола ќе биде прв шеф на институција на Европската Унија (ЕУ) што ќе го посети Киев по почетокот на руската офанзива.
Претходно полскиот премиер Матеуш Моравиецки, чешкиот премиер Петр Фиала и словенечкиот премиер Јанез Јанша отидоа во Киев и се сретнаа со украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Во видеото објавено пред две недели Зеленски рече: „Ги поканувам пријателите на Украина да го посетат Киев. Ова место може да биде опасно бидејќи нашето небо сѐ уште не е затворено за руските ракети и авиони.“