Emre Aytekin
01 Април 2022•Ажурирај: 03 Април 2022
ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, изјави дека секоја членка на групата Г-20, составена од 20-те најголеми економии во светот, има еднаков статус и дека никој нема моќ да ја подели групата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи, шефовите на дипломатиите на земјите од Југоисточна Азија, Индонезија, Филипини, Тајланд и Мјанмар се во посета на Кина во периодот од 31 март до 3 април.
Министерот Ванг се сретна со неговиот индонезиски колега Ретно Марсуди во градот Тунши во кинеската провинцијата Анхуи.
Ванг нагласи дека за време на средбата двете страни се договориле за зголемување на соработката и координацијата во рамките на Г-20.
Тој рече дека Индонезија ќе ја даде потребната поддршка на успешен домаќин на Самитот на Г-20, кој ќе се одржи на Бали на 15-16 октомври.
Подвлекувајќи дека Г-20 треба да се фокусира на координација на макроекономските политики и да не биде алатка за политика, Ванг рече: „Сите членки се со еднаков статус и никој нема право да ја подели Г-20.“
Ванг сигнализира дека Пекинг може да се спротивстави на какво било можно исклучување на Русија од Г-20 поради војната во Украина, слично како што беше исклучена од Г-8 по руската анексија на Крим.
Групата Г-8, формирана од осумте најголеми економии во светот, ја отстрани Русија по нејзината анексија на Крим во 2014 година и денес е позната како Г-7.